Претседател; Олгица Андрескa
Уметнички Poкoводитeл; Миленко Андрески

КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид
КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид


[

KUD Ohrigjanka

КУД „Охриѓанка” – Пирин

КУД „Охриѓанка”-Охрид – Копачија

KUD OhrigjankaKUD OhrigjankaKUD Ohrigjanka

КУД “ОХРИЃАНКА” – Охрид

Macedonia…..Croatia
КУД ОХРИЃАНКА

за нас

Културно Уметничко Друштво “О Х Р И Ѓ А Н К А” од Охрид, Република Македонија е основано и започнало со работа во 2006 година.

КУД Охриѓанка се состои од:

  • група за народни ора
  • детска група за народни ора
  • народни пеачи и оркестар
  • музичка школа за млади таленти

SeloHrЗа краток период групите постигнаа голем успех и добија многу признанија. Во друштвото членуваат повеќе од 120 членови од Охрид и околните села, кои редовно настапуваат на годишните концерти и фестивали, под раководство на кореограф го откриваат и надоградуваат својот талент и се запознаваат со боите и ритамот на Македонскиот фолклор.
Нашето друштво располага со богати и колоритни традиционални носии со импресивни везови од различни делови на Македонија со кои ја воодушевува публиката,а покрај тоа и со атрактивни ора и изворна музика.
Во својот репертоар главно го негува изворниот фолклор, како и стилизираниот фолклор. Освен ора препознатливи за охридскиот крај, на репертоарот на друштвото се и ора кои влечат корени од различни делови на Македонија како: Тресеница, Песни и игри од егејскиот дел на Македонија, Калајџиско оро, Водарки, Повардарие, Сплет на песни и игри од источна Македонија, Пирин, Преспански сплет на песни и игри, Шопска петорка, Копачија. Билјана платно белеше и Охридски сплет на песни и игри.
Нашето друшво е организатор на 5 интернационални фестивали кои се одржуваат во Охрид и тоа: “Александар Македонски” и “ Македонско сонце ”, исто така на детските интернационални фолклорни фестивали “ Македонско оро “ и “ Охридски бисер“ како и на фестивалот за “мазоретни тимови и дувачки оркестри “

Репертоарот на ора на друштвото, кои влечат корени од различни етнографски краеви на Македонија, е:

1. Тресеница – женско оро од Мариово, област близу градот Прилеп – централна Макредонија,
2. Охридски – кореографијата е од југозападна Македонија од Охрид и Охридско.
3. Ора и песни од Егеј – дел од Македонија
4. Калајџиско – кореографијата е од централна Македонија, поточно од околината на градот Велес.
5. Повардарие – сплет од игри од областа на околината на градот Скопје
6. Водарки – женско оро кое е композиција од различни ора и песни од Македонија
7. Биљана платно белеше – Охрид.
8. Преспански Игри, од Преспа.
9. Копачија, сплет на игри од Кичево и околина.
10. Шопска Петорка, од Источна Македонија
11. Пиринско Пролетно Цвеќе
12. Малешевка

Нашето Друштво е организатор на интернационалните традиционални фестивали:

  • ДМФФ ”Македонско Оро” 25-29 Јуни,
  • MФФ ”Александар Македонски” 20-24 Јули,
  • ДМФФ ”Охридски Бисер” 25-29 Јули,
  • МФФ “Македонско Сонце” 10-14-Август.
  • Мфф “Денови на Охрид” 11-15 Јули
  • ИФФ “Спој на Традиционалното и Модерното” 12-16 Септември
  • ИХФ “Свети Климент Охридски” 06-10 Август

Во соработка со Општина Охрид. www.ohrid.gov.mk